Младите девојки биле регрутирани од страна на DIY Girls- непрофитна организација која вработува тинејџерки од семејства со ниски приходи, за да извршуваат работи од областа на технологијата и инженеринг.
12 млади девојки, работејки заедно во текот на изминатата година, успеале да создадат шатор на соларна енергија со помош на шиење, кодирање и на 3D принтање.Целата напорна работа се исплатеше, на крај девојките добија грант од 10.000 $ од програмата Lemelson-MIT, и ќе го презентираат својот изум на EurekaFest МИТ.
Младите девојки не може да им понудат пари на бездомниците, но можат да им обезбедат нешто кое ќе им биде од подеднаква помош.