Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУзунов ќе му ја образложи оставката на Заев

Узунов ќе му ја образложи оставката на Заев

Ванчо Узунов досегашниот потпретседател на СДСМ задолжен за економски прашања ќе има средба со лидерот Зоран Заев на која ќе разговараат за поднесената оставка која никако не делува добро за партијата во моменти по постигнувањето на договор со власта за предвремени избори и по објавата на резултатите од анкетата на ИРИ според која ВМРО и понатаму има удобно водство со довербата кај граѓаните.

Ванчо Узунов изјави дека причините за оставката се приватни и останува дел од опозицијата, без да се оптоварува дали ќе биде на функција, па дури и му порача на вицепремиерот Пешевски дека „не болело“ и да ги послуша оние кои ја бараат неговата оставка.

На средбата со Заев освен за причините за оставката ќе се разговара за понатамошниот ангажман на Узунов и негово можно вклучување и во понатамашната изработка на економската програма и експертиза.