Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУПОЗ постигна договор со Судскиот буџетски совет, чека одобрение и од Правда

УПОЗ постигна договор со Судскиот буџетски совет, чека одобрение и од Правда

Синдикатот на УПОЗ постигна договор со Судскиот буџетски совет со кој се повлечени списоците на вработени во судската админстрација за намалување на плати и подобрување на нивниот социјален статус. Сепак, раководството на УПОЗ предводено од Пеце Грујоски бара и трајно законско решение кое е во надлежност на Министерството за правда.

protest upoz (3) (1)

Токму по краткиот собир пред зградата на министерството, синдикатот ги соопшти новите измени со кои треба привремено да се смират страстите и договорена е средба со преставници на Правда.

protest upoz (2) (1)

Од исходот на средбата и дали ќе бидат прифатени нивните барања ќе зависи како ќе продолжи протестот за кој има најави дека целосно ќе се радикализира доколку не се постигне договор и законско решение кое ќе гарантира зголемување на платите.