Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУдрено девојче на пешачки премин

Удрено девојче на пешачки премин

Девојче удрено на пешачки премин. Незгодата се случила околу 12.45 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на пешачкиот прем веднаш до Клубот на пратеници. Според првичните инфромации таа има фрактруа на ногата и со возило на Итната помош е префрлена во Ургентниот центар.

Според ијавите на сведоците, девојчето кое најверојатно е средношколец од средното уметничко училиште, било со неколку другари и во моментот кога ја минувал улицата на нив налетал “форд фокус“ со скопски таблички. Тој не возел многу брзо но сепак не закочил и удрил во неа. Таа паднала крај улицата а на помош и притекнале случајни минувачи и работници од градилиштето кое се наоѓа во непосредна близина – објави Медиа.мк.

Полициски екипи го регулираа сообраќајот на крстосницата, а повеќе детали околу незгодата се
најавени за попладнево.