Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРазнесен автомобилот на убиецот на водачот на „делиите“

Разнесен автомобилот на убиецот на водачот на „делиите“

Експлозија во Херцег Нови. Разнесено е возилото на Душко Рогановиќ кој во критична состојба е префрлен во болница. Експлозијата се случила во моментот кога Рогановиќ минувал по улицата во близина на автобуската станица во градот. Покрај Рогановиќ со повреди се здобиле уште најмалку две лица.

Душко Н. Рогановиќ од Херцег Нови, со првостепена пресуда беше осуден на 12 години затвор за убиство на водачот на навивачката група „делии“, Марко П. Весниќ од Белград и за нанесени повреди врз Иван Марковиќ во Игало, но со одлука на Апелациониот суд казната му беше намалена на осум години.

Според обвинението, Рогановиќ со уште еден свој пријател на 24 јули 2009 година го убиле Весниќ, а го раниле Марковиќ во близина на Младинскиот парк во Игало. Додека Весниќ седел на клупа, Рогановиќ со помош на пријателот го фатиле за раце, по што едниот му нанел повеќе убоди со нож во пределот на левата подлактица и бутот, додека пак Душко Рогановиќ од непосредна близина кон него испукал два истрели од пиштол.

Инаку, со одлука на Апелацискиот суд, затворската казна на Рогановиќ му е намалена на осум години.

Црногорските медиуми на големо се занимаваа со него. Пред три месеци, црногорскиот дневен весник „Дан“ објави фотографија на која, наводно, Рогановиќ е на слава кај раководителот на одделението за јавен ред и мир, Душко Копривица, заедно со уште неколку луѓе од криминалното подземје и соработници на раководителот.