Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсен француски државјанин кој подготвувал терористички напад на ЕП 2016

Уапсен француски државјанин кој подготвувал терористички напад на ЕП 2016

Француски државјанин е уапсен на полско-украинската граница со арсенал оружје, објавија медиумите. При претрес во неговиот автомобил биле пронајдени 100 килограми експлозив со детонатори, три минофрлачи и неколку автомати “калашников”. Тој се обидувал да го прошверцува оружјето во Франција. Се претпоставува дека човекот може да е вклучен во заговор за напад на Европското првенство 2016. Сепак, специјалните служби официјално не ја потврдиле оваа вест.

Според францускиот медиум ДНА, човекот бил уапсен уште на 21 мај, а украинските власти сè уште го држат во притвор. Медиумот вели дека тој е осомничен и за спремност да набави уште повеќе оружје.