Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТВ Телма излезе со соопштение за технолошкиот вишок

ТВ Телма излезе со соопштение за технолошкиот вишок

Откако се прошири информацијата дека ТВ Телма отпуштила 12 вработени од информативната, културната и забавната редакција и со одлука на раководството биле прогласени за технолошки вишок, во медиумските извештаи беше наведено дека новинарите не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување било наведено дека тоа е заради намалувањето на трошоците во телевизијата, со свое соопштени излезе и ТВ Телма во кое се вели:

„Телевизија Телма е приватен медиум кој изминативе две години значително ги подобри финансиските резултати, но сеуште работи со значајна загуба. За опстојувањето на телевизијата во македонскиот етер, менаџментот има општествена одговорност.  Освен зголемувањето на приходите –телевизијата е принудена, да прави и рационализација и на трошоците.

Систематизацијата во Телма се врши согласно сите правни прописи и процедури, и во консултација со независниот синдикат, иако законски менаџментот на телевизијата не е должeн да го консултира синдикатот за систематизацијата од ваков обем.

Било каков политички или идеолошки контекст на систематизацијата во Телма е надвор од здрав памет.

Излишно е да се преповторува дека уредувачката политика на Телма останува принципиелна и конзистентна, што впрочем граѓаните можат да го забележат според начинот на информирањето.

Исто така сметаме дека е невкусно политички партии да се огласуваат со соопштенија за систематизации во приватни медиуми, бидејќи станува збор за непримерно мешање на политиката во бизнисот на приватни компании“, стои во соопштението на ТВ Телма.