Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПросечната плата во април била 22.672 денари

Просечната плата во април била 22.672 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во април изнесува 22.672 денари и во однос на истиот месец лани бечежи зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување е резултат, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата исплатена во секторите информации и комуникации (22,4 проценти), рударство и вадење камен (14,7 проценти) и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (6,1 отсто).

Просечната месечна бруто-плата по вработен во април 2017 година изнесува 33.296 денари. Во април, 0,9 проценти од вработените не зеле плата.