Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурски весник ја нацрта Ангела Меркел како женски Хитлер

Турски весник ја нацрта Ангела Меркел како женски Хитлер

На насловната страница на турскиот провладин весник „Gunes„ се најде Ангела Меркел, прикажана со мустаќи и нацистичка униформа. Епитетот “Женски Хитлер”, остро се нагласува на насловната страница на дневникот Gunes . Со фотомонтажа е придодаден и кукастиот крст, како и натписот фрау Хитлер или “грдата тетка”. Списанието, во петокот на Ангела Меркел и остапило дури простор од три четвртини.

Ваквиот однос на турските медиуми се појави по коментарот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ги обвини Германија и Холандија за “нацистички практики”, бидејќи и двете земји ги забранија собирите наменети во корист на референдумот за проширување на ингеренциите на претседателот. На интернет страницата медиумот објави уште фотомонтажа од канцеларката со мустаќи и нацистички поздрав со наслов: Не постои разлика во однос на Хитлер.