Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеркел до Заев: Германија ќе ги поддржи вашите заложби

Меркел до Заев: Германија ќе ги поддржи вашите заложби

Германската канцеларка Ангела Меркел испратила честитка до Зоран Заев по повод неговиот избори за премиер и по повод формирањето на новата Влада.

„Срдечно Ви честитам за Вашиот избор за премиер. Сојузната влада решително ја поддржува целта на понатамошното приближување на Вашата земја до Европската Унија и НАТО. Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, вели Меркел во честитката.

„Се радувам што лично ќе се запознаеме на следната Конференција за Западен Балкан на 12 јули во Трст“, додала германската канцеларка во честитката до премиерот Заев.