Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЦСУ со ултиматум до Меркел, или помалку бегалци или нема нов мандат

ЦСУ со ултиматум до Меркел, или помалку бегалци или нема нов мандат

Баварската конзервативна Христијанско социјална унија (ЦСУ) која е сестринска партија на ЦДУ и постави ултиматум на Ангела Меркел посочувајќи и дека мора да постави горна граница за прием на само 200 илјади мигранти или бегалци годишно, инаку во спротивно нема да и дадат поддршка за наредните генерални избори на која таа ќе се обиде да остане на власт со нов канцеларски мандат.

Сигнал за влошените односи меѓу двете партии беа испратени уште пред три недели, откако на покраинските избори во Мекленбург- Форпомен, каде што се наоѓа и изборната единица на Меркел, ЦДУ освои помалку гласови од националистичката партија Алтернатива за Германија (АФД).

Токму овој сигнал од ксенофобичните гласачи ги застрашува ЦСУ дека може да ја изгубат контролата во Бундестагот, па затоа бараат поостра политика кон мигрантите, наместо политиката на отворени врати која Меркел долго време ја промовираше.