Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКарпошани на реферндум ќе се изјаснат за мигрантите

Карпошани на реферндум ќе се изјаснат за мигрантите

Советот на Општина Карпош денеска на 73. седница едногласно ја прифати предлог-одлуката за распишување на референдум на локално ниво, на кој жителите на општината ќе се изјаснат во врска со населувањето мигранти на територија на Општина Карпош.

Во согласност со одлуката, локалниот референдум ќе го спроведе Општинската изборна комисија на Карпош и општинските избирачки одбори.

Советниците, исто така, утврдиле дека не постојат услови за спроведување на одлуката на Министерството за труд и социјална политика, според која се воведува двосменско работење во градинките. Со одлука на Советот, градинките во Карпош ќе продолжат да работат според старото работно време, односно до 18 часот.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, оцени дека идејата е добра, но дека потребно е да се направат суштински измени за таа да профункционира, односно да се вработи дополнителен стручен и технички кадар, а Општината да обезбеди поголеми финансиски средства за да ги покрие дополнителните трошоци.