Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЦрвениот крст ќе ги распредели собраните донации за поплавените

Црвениот крст ќе ги распредели собраните донации за поплавените

Црвениот крс ќе започне со распределба на собраните средства кои ги донираа граѓаните преку посебните жиро сметки и телефонски броеви за помош, а досега на располагање има околу 740 илјади евра, соопшти генералниот секретар Саид Саити. Акцијата продолжува до крајот на неделава, а потоа средствата ќе бидат испорачани на сметките на настраданите семејства.

Собраните пари ќе бидат распределени на линеарен начин откако ќе се направи конечниот список на настраданите. Овие средства ќе бидат посебни од донациите кои ги собра македонската држава од пријателските земји кои испратија помош, како и од државните средства за интервентно обештетување.