Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦеремонијален протокол во Турција, се одбележува 77-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Церемонијален протокол во Турција, се одбележува 77-годишнината од смртта на Мустафа Кемал Ататурк

Името на великанот кој ја основа современа и западно ориентирана Република Турција денеска се величи на територијата на цела држава. Со едноминутен молк и низа на церемонии и настани Турците ја одбележуваат 77-годишнината од смртта на нивниот историски лидер Мустафа Кемал Ататурк.

Официјалниот протокол ќе биде збогатен со поклонување во мавзолејот на Ататурк во Анкара, каде што ќе се положат венци. Главното збирно место на сите посетители денес е дворецот Долмабахче во Истанбул, каде во 1938 година  починал Ататурк. Автентичниот изглед на неговата соба е зачуван, дури и стрелките од часовникот се запрени во времето на смртта, односно 09.05 часот.