Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТаравари загрижен за смртта на новороденчињата, но немал магично стапче

Таравари загрижен за смртта на новороденчињата, но немал магично стапче

Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но имам волја“, напиша министерот за здравство, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.

„Чувствувам должност, но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. Битка која, за жал, многу медиуми ја користат за собирање поени за одредени политички партии, но и најпоразително од сè, битка која, за жал, неуспешно била водена во изминативе 25 години – битката за нашите новороденчиња. Јас, како и никој друг, немам магично стапче. Но, имам волја. Имам упорност. Имам одлучност и најважно од сè, сигурност дека Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство“, пишува Таравари.

Министерот за здравство вети дека негов приоритет сè додека седи на министерското столче ќе бидат децата бидејќи, како што напиша, „тие се наша иднина, наша светлина и наша гордост и оваа битка ќе ја водиме за нив“.