Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаХоландски турист почина во „Св. Наум“ во Охрид

Холандски турист почина во „Св. Наум“ во Охрид

Според информациите на МВР, вчера во 15 часот, во полиција од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека во комплексот „Св.Наум“ во Охрид починал Р.Ј.А. (66) од Република Холандија.

„Констатирана е смрт без траги на насилство. Најверојатно смртта настапила како последица од срцев удар“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот нема да се врши обдукција.