Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТројца загинати во судир меѓу брод и глисер во Егејско Море

Тројца загинати во судир меѓу брод и глисер во Егејско Море

Најмалку три лица загинаа, а четири други се повредени во судар меѓу глисер и туристички брод во близина на островот Егина кај Атина, соопшти грчката крајбрежна стража.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на туристичкиот брод имало од 15 до 20 лица, кои се превезувале од село во југозападниот дел на Егина до плажа на пустиот остров Мони кој се наоќа во близина.

Крајбрежната стража додаде дека не е познато колку луѓе имало во глисерот и од која националност биле лицата во туристичкиот брод.

Од водата досега се извадени три тела, а голем број луѓе се спасени.

Локалните власти соопштија дека деталите за тоа како се случила несреќата и прецизни податоци за оние кои се спасени се уште не се јасни, затоа што спасувачките напори се фокусирани на пронаоѓање преживеани.

Во спасувачката операција учествуваат два патролни чамци на крајбрежната стража и еден хеликоптер, а помагаат и приватни бродови.

Поради близината до Атина, Егина е популарна дестинација за Грците и за странските туристи. Мали туристички бродови секојдневно превезуваат голем број туристи од пристанишното селото Пердика до Мони, остров кој е населен со елени и пауни, и каде се наоѓа популарен песочен залив.