Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРасте бројот на жртви на сексуално злоставување во англискиот фудбал – Се „чешлаат“ 311 клубови

Расте бројот на жртви на сексуално злоставување во англискиот фудбал – Се „чешлаат“ 311 клубови

Британската полиција соопшти дека бројот на фудбалски клубови опфатени со скандалот поврзан со сексуално злоставување на деца порасна на 311, од 252 осомничени и 560 потенцијални жртви. Националниот совет на шефови на полицијата соопшти дека 96 отсто од жртвите се од машки пол, на возраст од четири до 20 години.

Новите бројки, со кои се покриени и аматерскиот и професионалниот фудбал, објавени се пет месеци откако поранешните спортски ѕвезди започнаа да откриваат детали за долготрајното злоставување.

До сега полициските станици ширум земјата и посебен „хот лајн“ што е отворен заради скандалот, на истражните органи им упатиле 1.432 информации. Полицијата наведе дека 25 од нив се поврзани со други спортови, вклучително и рагби, гимнастика, тенис, борење, голф, едрење, атлетика, крикет, пливање и боречки спортови.