Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБи-би-си: Бројот на загинатите може да порасне на 60

Би-би-си: Бројот на загинатите може да порасне на 60

Лондонската полиција соопшти дека постои можност никогаш дда не се идентификуваат сите жртви на големиот пожар кој го зафати облакодерот во Лондон, јави „Би-би-си“.

Службите за итни случаи веќе трет ден на терен се во потрага по телата на настраданите кои изгореа во зградата „Гренфел“.

Досега официјално се потврдени 17 жртви, но се стравува дека бројот на настраданите може да се зголеми и до 60.
Противпожарната служба не очекува да пронајде преживеани, а премиерката Тереза Меј нареди темелна јавна истрага за причините за пожарот.