Thursday, May 28, 2020
HomeДЕНЕШНАСветИсламофобски напад во Портланд, има и жртви

Исламофобски напад во Портланд, има и жртви

Portland_stabbing_PKG_848x480_954822723564

Бел супрематист изврши напад од исламофобија во Портланд. Тој напрво вербално малтретирал девојки кои биле муслиманки и извикувал навредливе пораки за Исламот. Двајца мажи се избодени до смрт додека се обидувале да заштитат две муслиманки од напаѓачот, кој ги малтретирал во возот во Портланд, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил вчера попладне, во пресрет на почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан, кога напаѓачот Џереми Џозеф Кристијан почнал да ги навредува жените на верска и национална основа.

Тројцата мажи се вмешале да ги заштитат жените од насилникот, кој потоа ги избодел со нож. Двајцата починале од здобиените повреди. Еден од нив починал на лице место, а другиот во болница. Кристијан (35) е уапсен штом излегол од возот, наведе полицијата, пренесува Ројтерс. Една од жените носела хиџаб.