Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Трио Бакалов“ на репертоарот на „Охридско лето“

„Трио Бакалов“ на репертоарот на „Охридско лето“

Луис Бакалов, Марко Чампи и Алберто Пицо, предводени како „Трио Бакалов“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток од 21 часот. ќе ја надополнат низата од беспрекорните пијано концерти кои последниов период беа на репертоарот на „Охридско лето“. Публиката ќе има можност да слушне дела на Дебиси, Равел, Пјацола, Скарлати, Мориконе, Гулда, Џакомо, како и авторски дела избрани од самите изведувачи.

Бакалов е препознатлив по своите музички матрици за филмовите „Џанго“, „Јавач на бурата“, „Цената на моќта“, „Убиј го Бил“ и многу други популарни остварувања на полето на филмската уметност. За својата изведувачка дејност тој е добитник на многубројни награди на повеќе од 30 национални и меѓународни натпревари по пијано. Настапувал како солист во некои од најпрестижните сали во светот, секогаш предизвикувајќи воодушевување кај светската публика и критика.