Wednesday, Mar 29, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Сон, верба, љубов“ 'ќе прозвучи во Антички театар – Дуке Бојаџиев на ,,Охридско лето"

„Сон, верба, љубов“ 'ќе прозвучи во Антички театар – Дуке Бојаџиев на ,,Охридско лето"

Фестивалот ,,Охридско лето” и годинава остава простор за македонските уметници.

Утревечер во рамките на фестивалската програма концерти ќе одржат младата виолинистка Софија Никовска и пијанистот Филип Маџунков во придружба на Камерниот оркестар од Софија, како и спектаклот – последниот проект „Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев.

Најавувајќи го концертот на македонскиот композитор и музички продуцент Дуке Бојаџиев, селекторката на фестивалот Гордана Јосифова Неделковска  појасни дека се работи за фузија меѓу класичната, филмската и изворната музика.

ohridsko leto

– Покрај впечатливите изведби на македонските традиционални композиции, публиката ќе има можност да чуе и фолклорни елементи од албанската, турската и ромската музика што сето заедно создава автентичен пристап и заокружува една уникатна целина на маестрален начин како што може да направи само Дуке Бојаџиев, истакна Јосифова – Неделковска

Концертот на младите уметници Никовска и Маџунков со Софискиот камерен оркестар ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот, додека концерот на Дуке Бојаџиев е на Античкиот театар од 22:30 часот.