Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЛеонел Моралес со концерт на „Охридско лето“

Леонел Моралес со концерт на „Охридско лето“

За сите кои уживаат во звуците на пијаното, вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток од 21 часот ќе се одржи концерт на кубанско – шпанскиот пијанист Леонел Моралес.

„Охридско лето“ ќе биде збогатено со уште една одлична музичка идила, проследена со дела од Бетовен, Рахманинов и Стравински.

Моралес дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа. По завршувањето и на постдипломските студии, Моралес се преселил во Шпанија, каде што почнал активно да настапува и да учествува на голем број национални и интернационални натпревари, на кои освојувал значајни награди.