Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаОперската дива Елина Гаранча ветува спектакуларно Охридско лето

Оперската дива Елина Гаранча ветува спектакуларно Охридско лето

Оперската дива Елина Гаранча утревечер ќе го отвори 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, во неделата попладнето пристигна на скопскиот аеродромот „Александар Велики“.
Срдечна и непосредна изјави дека со нетрпение чека да пристигне на охридската ривиера, место за кое слушнала дека е волшебно со прекрасно езеро.

elina garanca2

„Само што пристигнав во Македонија и ова е мое прво доаѓање на фестивалот Охридско лето. Едвај чекам да го видам тој прекрасен град и фестивал. Пред извесно време настапив со Дмитри Хворостовски кој со одушевување ми раскажуваше за неговиот настап пред три години. Се надевам дека и јас ќе ги доживеам истите мигови“, рече светски познатиот мецо-сопран.