Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагична несреќа: маж со автомобил влета во Црн Дрим

Трагична несреќа: маж со автомобил влета во Црн Дрим

Маж со автомобил влетал во Црн Дрим и се удавил. Несреќата се случила вечерва околу 18:30 часот, а починатиот Стружанец, Неџо Мемешоски бил на возраст од околу 50 години.

Дали се работи за невнимание или здравствени проблеми треба покаже истрагата. Недалеку од несреќата е и седиштето на противпожарната служба, пожарникарите и полицијата веднаш стигнале на помош, но за жал Мемешоски веќе бил удавен.

Според сведочењето на жителите од засега непознати причини починатиот, кој живеел во ромската населба на влезот во Струга, враќајки наназад со сопствениот автомобил завршил во реката, објави Канал 5. Возилото е извадено, а истрагата на полицијата треба да покаже како се случила несреќата.