Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМртов маж пронајден во битолски манастир

Мртов маж пронајден во битолски манастир

Вчера во 17 часот и 50 минути, во атарот на село Велушина, битолско, позади манастирот “Свети Ѓорѓија“  било пронајдено починато непознато машко лице на возраст од околу 60 години.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, односно дека се работи за природна смрт.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.