Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДеветнаесетгодишник убил маж со бекатон плочка

Деветнаесетгодишник убил маж со бекатон плочка

Двесетнаесетгодишно момче од Скопје е осомничено за убиство на 52-годишен скопјанец, кого го удрило со бекатон – плочка во тилот. Настанот се случил на 1 март годинава, а полиција вчера соопшти дека е поднесена кривична пријава за убиството.

Настанот се случил дека на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што соопшти полицијата, на 1 март, 15 минути по полноќ 52-годишниот С.С. од Скопје, додека се движел пеш по тротоарот на булеварот „Св. Климент Охридски“, бил удрен со едно бекатонско парче во тилот, од страна на момчето кое што управувало велосипед. „Од ударот С.С. паднал на тротоарот и останал да лежи, каде што бил пронајден од припадник на единицата ‘Алфа’“, соопшти МВР.

СВР-Скопје пријавата ја поднело против М.З. (19) oд Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело убиство. Од страна на судот му е одредена мерка одземање на патна исправа и обврска да се пријавува секој ден во полициска станица.