Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТолпата се упати кон ЕУ инфо центарот, но ја запре голема група полицајци

Толпата се упати кон ЕУ инфо центарот, но ја запре голема група полицајци

Флаери, маици, натписи, транспаренти во сите бои на протестот кој започна пред СЈО, а подоцна демонстрантите се упатија кон ЕУ инфо центарот, но истите беа запрени од голема група полицајци.

Блокирани се приодите кон центар, Собрание и Влада на Република Македонија поради контрадемонстрантите. Полиција „врие“ на секој чекор, а некои од демонстрантите пробаа да се справат со нив. Почнаа да се гураат кон нив велеќи им да ги пуштат, изговарајќи ги зборовите „спуштете ги штитовите“.

Извреволтираниот народ во моментот е заглавен, немаат слободни улици, сите им се затворени. Кога демонстрантите ги видоа водените топови застанаа во место. Но, иако нозете во моментот и се здрвени, устите не се, тие зборуваат за животите уништени и парите украдени.

„Протестираме и не ве аменстриаме“, „вистинските хулигани се во власта“, „наместо страв барам став“ се зборовите кои се изговараат на секој минута. Ситуацијата е нередвидлива.