Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТешка сообраќајка на Илинденска, повреден моторциклист

Тешка сообраќајка на Илинденска, повреден моторциклист

Вечерва околу 20 часот на булеварот „Илинден“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила марка „фиат“ и „ауди“, како и еден моторциклист кој е и најтешко повреден и итно е пренесен во болница. По несреќата е извршен увид, а повеќе детали од итните служби ќе бидат соопштени подоцна за тежината на повредените во сообраќајката, како и за можна вина кај возачите.