Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТереза Меј е нов премиер на Велика Британија!

Тереза Меј е нов премиер на Велика Британија!

Претседателката на Конзервативната партија Тереза Меј е избрана за нов премиер на Велика Британија, а од кралицата Елизабета Втора доби благослов за преземање на должноста. Таа е прва жена на премиерската функција во оваа земја уште од Маргарет Тачер. Во првото обраќање по преземањето на должноста Тереза Меј вети дека ќе изгради нова улога на земјата после одлуката да се напушти ЕУ и дека владата ќе се води според потребите на обичниот граѓанин.

Tereza Mej i Kralica Elizabeta

„После референдумот се соочуваме со период на големи национални промени“, изјави наследничката на Дејвид Камерон пред влегувањето во резиденцијата на премиерот во Даунинг Стрит 10. „Знам дека Британија е подготвена за нов предизвик. Откако ќе ја напуштиме ЕУ, ќе изградиме нова улога на нашите држави на глобално ниво и од Британија ќе направиме држава во која не се работи само за интересите на одредени привилегирани лица туку за интересите на секој од нас“, изјави Меј.

Изборот на Тереза Меј беше очекуван, бидејќи само пред неколку дена Камерон најави дека таа ќе биде негова наследничка и дека ќе и даде полна поддршка.