Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТепачка меѓу мигрантите кај Ваксинце, еден е префрлен на Ургентен

Тепачка меѓу мигрантите кај Ваксинце, еден е префрлен на Ургентен

Група мигранти се степале во Ваксинце, а еден од нив со тешки повреди во градниот кош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, жител на кумановското село Ваксинце пријавил дека вчера вечер на сред село 15 бегалци започнале меѓусебна тепачка во која имало и повредени. Неколку минути подоцна, во кумановската болница е донесен 25-годишен Пакистанец кој имал повреди во десната страна од градите кои му биле нанесени со остар предмет. Поради тежината на нанесената повреда, 25-годишникот е препратен на Ургентниот центар во Скопје, каде е задржан на лекување.

Од МВР соопштуваат дека го утврдуваат идентитетот на учесниците во тепачката и причините за истата.