Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаСвадбени слики покрај ковчег – Додека смртта не не раздели

Свадбени слики покрај ковчег – Додека смртта не не раздели

Во ерата на Инстаграм и Фејсбук младите брачни парови наоѓаат огромен број на бизарни начини за да се направат првите заеднички слики, но сопружниците Ченг имаат одлична комбинација на симболизам, ексцентричност и необичност, а притоа за фотосесијата имаат и совршено објаснување.

wedding photo3

Џени Тај и Дарен Ченг од Сингапур немаат намера да собираат лајкови или хејтерски коментари на социјалните мрежи, туку со симболиката на мртовечкиот ковчег и свадбените украси да ги потврдат светите завети дека ќе останат заедно се додека смртта не ги раздели. Ние секако им посакуваме успешен брак и можеби ваквата посветеност и визија навистина ќе им донесе многу среќа и пожртвуваност.

wedding photo2

Што мислите вие за свадбените фотосесии во Македонија и големиот број на „хитови“ во последно време, дали тие се резултат на заразата на социјалните мрежи или пак одраз на желбата да се направи нешто невообичаено и спротивно на традицијата.