Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСудиите незаинтересирани кој ќе ги разрешува

Судиите незаинтересирани кој ќе ги разрешува

Македонските судии вчера не беа многу заинтересирани да излезат на гласање и да изберат 9 од 19 пензионирани судии, јавни обвинители и адвокати, за членови во новото тело што ќе предлага разрешување на судиите во иднина, објави Новатв.

Но и покрај многуте неважечки ливчиња, избрани се 7 члена на новото тело, кое треба да има 9 членови, вклучувајќи и двајца професори од правните факултети, кои овој пат бојкотираа и не се пријавија на огласот.

Советот за факти како ново тело, ќе се конституира исклучиво со пензионирани кадри, од три категории, додека двете места предвидени за професори по право ќе останат празни и за нив ќе се распише дополнителен оглас и ќе се спроведат нови избори.

Професорот од Правниот факултет во Скопје, д-р Саво Климовски е еден од тројцата кандидати кои ги повлекле кандидатурите за членови на Советот што ќе предлага разрешување на судиите во иднина, само неколку дена пред гласањето.

извор:НоваТв