Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски поднесе оставка во Советот на Град Скопје поради „сицилијанските избори“

Мицкоски поднесе оставка во Советот на Град Скопје поради „сицилијанските избори“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, си поднел оставка на функцијата член на Советот на Град Скопје, на кој беше избран на локалните избори, поради, како што изјави за „Мета“, „африканско-колумбиско-сицилијанските избори што ги спроведоа Зоран Заев и групата околу него“.

– Како човек, како професор, не можам да учествувам и да давам легитимет на тела избрани на таков начин – изјави за „Мета“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен советник во Совет на Град Скопје.

Христијан Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, а во претходната влада, во 2016 година, беше претседател на управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ. Во 2017 година беше советник за енергетика на техничкиот премиер Емил Димитриев.

Според кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје, испразнетото место на Мицкоски би требало да го пополни Луке Галески.