Wednesday, May 1, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостСтудентски пленум ќе собира средства за погодените од невремето

Студентски пленум ќе собира средства за погодените од невремето

По страшното невреме кое зафати повеќе региони низ Македонија, а одзеде и човечки животи во тетовскиот регион се јавија хуманите граѓани кои сакаат да им помогнат на погодените семејства побрзо да се вратат во нормална состојба. Едни од првите кои веќе се организираа се Студентски Пленум со известување за јавноста дека од 17 часот ќе биде поставен штанд на ул. Македонија кај Мајка Тереза за собирање донации.

poplava7novo

Потребни се: вода, облека, нерасиплива храна и лекови. Студентски Пленум ги повикува сите колеги, доброволци и граѓани кои сакаат да помогнат во собирањето и преносот до Општина Тетово да бидат во 17 часот таму. Низ социјалните мрежи започнува и неформално организирање за начинот на кој се собира помош, па што побрзо очекуваме да се активираат и телефонски линии за донации.