Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСЦ „Борис Трајковски“ со големи измени на главната сала

СЦ „Борис Трајковски“ со големи измени на главната сала

Спортскиот центар Борис Трајковски најави нова организација во големата сала која ќе биде многу поефикасна и ќе овозможи поделба на теренот со три издвоени игралишта, што значи дека истовремено ќе може да се тренира за три различни спорториви, тенис, кошарка и ракомет. Новитетот ќе биде од голема корист за спортските клубови кои сакаат да одржуваат тренинзи бидејќи цената на закупот ќе биде многу пониска и е во правец на подршка на македонскиот спорт. Исто така и граѓаните кои сакаат да се рекреираат и спортуваат ќе имаат подобри услови.

sala boris trajkovski

За прв пат во Република Македонија СЦ Борис Трајковски ќе понуди затворен тениски терен (комплетно монтажно демонтажен) кој е со сертифицирана акрилна подлога од страна на светската тениска федерација и ги исполнува сите стандарди за одржување на интернационални натпревари, a истиот е со димензии 36м*18м.

Паралелно со тениското игралиште има и терен за кошарка, кој е во оригинални димензии (28м*15м) и за прв граѓаните за рекреативни потреби имаат можност да изнајмат еден кош или половина терен од кошаркарското игралиште за баскет. Поставено е и игралиште за ракомет, со специјализирана подлога наречена ГЕРФЛОР, со димензии 37м*20м, додека пак димензиите на кошаркарското игралиште се 28м*15м. Игралиштата се поделени со заштитна мрежа.

Целосната промоција на обновените терени ќе се одржи утре каде ќе се обратат Златко Перински Директорот на СЦ Борис Трајковски и Марјан Спасески Директорот на Агенција за Млади и Спорт.