Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометБарселона со македонско БЛАГОДАРАМ за Кире Лазаров

Барселона со македонско БЛАГОДАРАМ за Кире Лазаров

Шпанскиот спортски гигант Барселона во ракометната секција реализираше фантастичен гест кон легендарниот ракометар Кире Лазаров и за неговите настапи на македонски јазик му кажа БЛАГОДАРАМ.

Лазаров сеуште е дел од тимот на Барселона и ќе игра во фајнл форот во Келн каде ќе се бори за нова титула во Европската лига на шампиони. Сепак, по завршувањето на оваа сезона Лазаров ќе ги напушти Каталонците и ќе игра за Монпеље. Македонскиот леворак бомбардер на Барселона веќе и донесе европска круна.