Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтрашна сообраќајка во Штип, пијан возач усмртил велосипедист

Страшна сообраќајка во Штип, пијан возач усмртил велосипедист

Страшна сообраќајна несреќа се случи вчеравечер во Штип, кога алкохолизиран возач удрил во велосипедист.

На крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Борис Крајгер“, возило „Алфа Ромео 156“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Г.Д. удрило во 59-годишниот штипјанец Б.Д. кој се движел со велосипедот и за жал поради сериозноста на повредите починал на лице место.  Итната медицинска помош која пристигнала веднаш на местото на настанот не можела да направи ништо освен да констатира смрт.

Кај возачот било утврдено присуство на алкохол од 1,23 промили, а неговиот сопатник имал 1,87 промили алкохол во крвта.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.

По наредба на Јавен обвинител ќе се изврши обдукција над телото на починатиот.