Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСредба Ахмети Ји – Талат Џафери е признат како собраниски спикер

Средба Ахмети Ји – Талат Џафери е признат како собраниски спикер

Претставникот на американскиот Стејт Департмент Брајан Хојт Ји ги заврши средбите со лидерите на албанските партии, а потоа изјава даде лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Тој се заблагодари за поддршката што ја даваат САД за именувањето на Талат Џафери за спикер на парлaментот и зa неговото признавање. Ахмети рече дека сега треба да се вратиме на остварување на целосно градење на институциите.

„По се ова што се случи во Парламентот крајно време е сите да се свестат дека земјата оди во негативен правец и да се прифати новата реалност односно новиот претеседател на Собранието“, рече Ахмети додавајќи дека изборот на Талат Џафери е направен на легитимен начин.

ДУИ е решена да продолжи со процесот на конституирање на новата влада, рече Ахмети, и според него по се ова што се случи во Парламентот, треба сите да се свестиме, дека земјата оди во негативен правец. Тој вели дека процесите треба да се одвиваат на правилен начин и како партија се решени да продолжат со процесот на конституирање на нова влада.

Попладнево Хојт Ји прво имаше средба со претставници на партиското раководство на Алијансата на Албанците на кои учествувале Арбен Таравари и Весел Мехмеди, а потоа и со претседателот на Беса, Билал Касами.