Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна трагедија на патот Тетово – Скопје, едно лице го загуби животот

Сообраќајна трагедија на патот Тетово – Скопје, едно лице го загуби животот

Синоќа на патот Тетово – Скопје кај наплатната рампа Желино се случила сообраќајна несреќа во која загинало едно лице.

Од МВР соопштија дека се работи за лицето Љупчо З. (55) од Скопје кое изгубил контрола при возењето на својот автомобил „опел вектра“ и излетал надвор од патот, со што починал на лице место.

Уште една сообраќајна незгода се случи на истиот пат, но во правец Скопје – Тетово, кога автомобил со неготински таблички излетало од патот и се преврте. Повредени се шест лица, од кои две деца.