Friday, May 10, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВо трагична несреќа загина млад Охриѓанец

Во трагична несреќа загина млад Охриѓанец

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишно момче од Охрид. Сообраќајната несреќа се случила рано утрово околу пет часот се случи на регионалниот пат Св. Наум – Охрид, во близина на Хидробиолошкиот завод.

Од добиените повреди на местото на несреќата починал Дејан Т. (20), додека тешки телесни повреди добил Р.Д. (25), исто така од Охрид. Поради сериозната здравствена состојба, Р.Д. е префрлен на хируршкото оделение во Општата болница во Охрид каде е задржан на понатамошно лекување. На истото оделение, но со полесни повреди се наоѓа и Ж.П. (22) од Охрид.

Несреќата се случила кога трите лица со возило „опел корса“ се враќале кон градот, при што Р.Д. кој го управувал автомобилот изгубил контрола врз возилото, излетал на десната страна надвор од коловозот, удрил во рабникот од патот, а потоа и во електричен столб. Од ударот возилото се извртело и повторно се вратило на коловозната лента.

На местото на сообраќајната несреќа извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид и подигнати се траги за вештачење.