Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Актор“ обвинета за проневера на 50 милиони за автопатот Демир Капија – Смоквица

„Актор“ обвинета за проневера на 50 милиони за автопатот Демир Капија – Смоквица

Грчкото обвинителство за борба против корупцијата покрена обвинение против грчката фирма „Актор“ за сторено кривично дело перење пари и проневера на сума од 50 милиони евра при изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица во Македонија. Судското гонење на „Актор“ во Грција доаѓа по извештај и анализа на Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) бидејќи целиот случај се смета дека ги оштетил интересите на Европската Унија.

Како што пренесуваат грчките медиуми „Катимерини“, „Прото тема“ и „Капитал“, извештајот на ОЛАФ се смета дека е покренат по обвиненијата од поранешната опозициска и сегашна владејачка партија СДСМ за нергуларности во работењето на Актор при изградбата на автопатот. Во заклучоците на извештајот на ОЛАФ се посочува дека имало нерегуларности во исплатата на одредени лица и висината на надоместокот кој го добивале во периодот од 2012-2013 година, што претставува индикација дека тие суми не биле за плата за изведба на конкретниот проект.

„Според ОЛАФ, одредени раководители на компанијата земале огромни плати во висина од 110.000 евра месечно, сума која е нереална за било која држава, особено за финансиските услови во Скопје“, се вели во текстот на „Прото тема“.

Грчките медиуми потсетуваат на аргументите кои ги има изнесено СДСМ дека организирано биле носени грчки граѓани во Македонија, луѓе кои немаат никаква врска со изведба на автопатот, а кои земале од компанијата високи суми од 20.000 до 90.000 евра.

Грчки Актор го доби тендерот за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица за сума од 270 милиони евра, иако нејзината понуда била за околу 40 милиони евра повисока од останатите понуди.