Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево, загина едно лице

Сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево, загина едно лице

Едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на магистралниот пат Охрид – Кичево, на спојката со локалниот пат за село Годивје.

По увидов на полицијата е откриено дека 43-годишниот Лазо Н. изгубил контрола над возилото „застава 101“ и преминал на спротивната страна од коловозот, удирајќи со предниот дел во бетонски ѕид од шахта за атмосферска вода која била во изградба.

По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот и вештачење врз патничкото моторно возило.