Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСобранието ја констатираше оставката на Ставрески, опозицијата го испрати со тешки обвинувања

Собранието ја констатираше оставката на Ставрески, опозицијата го испрати со тешки обвинувања

Денеска попладне Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Саврески. Како негов наследник доаѓа Кирил Миновски, кој доаѓа од директорското место во Управата за јавни приходи. Од него опозицијата побара да троши помалку и да биде потранспарентен од Ставрески.

– Прво барање што го очекуваме од новиот министер е да троши помалку за чоколадо, а повеќе за леб, граѓаните ни се гладни, сиромашни и бараат подобар животен стандард. Во изминатите 10 години потрошивте многу пари на чоколади и сопствени задоволства, а малку дадовте на граѓаните. Им земавте 25 милиони евра, а им вративте само 20 отсто. Затоа Македонија руши рекорди по сиромаштија. Да не се трошат пари на проекти као Скопје 2014. Второто барање е да го зголемите нивото на транспарентност во трошење на парите. Господине премиер државата се наоѓа на дното според транспарентноста, се наоѓаме во група на земји како Зимбабве и Уганда. Граѓаните и стопанството не знаат зошто се трошат нивните пари. Очекуваме од вас денеска или утре ќе ја задолжите за нови 230 милиони евра очекувам новиот министер да излезе пред јавноста и да каже каде и за што ќе се потрошат овие пари. Очекуваме со новиот ребаланс на буџетот да скратите на економска промоција, на патни трошоци и на луксизирање на министрите и институциите, а парите да се насочат за економски развој на државата – рече Марјанчо Николов од СДСМ.

Поради здравствени причини, Зоран Ставрески вчера поднесе оставка од функцијата вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија. Тој беше дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии.