Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСо пиштол се обидел да ограби билетара на ЈСП

Со пиштол се обидел да ограби билетара на ЈСП

Вчера во 15:30 часот диспечер од Јавното сообраќајно претпријатие пријавил дека во билетара на улица Љубљанска во Скопје, непознато лице се обидел да изврши грабеж, информира Министерството за внатрешни работи.

– Сторителот со закана со пиштол од вработениот побарал пари. Вработениот одбил да му даде пари и по радио врска побарал помош. Во тој момент сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот – велат од МВР.