Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАвтобус на ЈСП прегази жена кај Бит Пазар

Автобус на ЈСП прегази жена кај Бит Пазар

Засега неидентификувана жена денеска го загубила животот на булеварот Крсте Мисирков кај Бит Пазар, кога автобус на ЈСП удрил во неа, по што жената починала.

Автобусот се движел во правец од џамијата Јаја Паша кон Центар кога околу 12.10 часот удрил во жената. Се очекува увидот да заврши наскоро, велат од СВР Скопје за „Мета“.