Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗагаденоста на воздухот во Скопје е 10 пати над дозволеното

Загаденоста на воздухот во Скопје е 10 пати над дозволеното

Утринава скопјани се разбудија во густа магла, намалена видливост и големо загадување на амбиенталниот воздух. Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажуваат енормно загадување на воздухот. Многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат.

Во Миладиновци, Велес, Кавадарци и Куманово нивото на загадување е високо.

Во Карпош утринава канцерогените ПМ10-честички достигнаа 354 микрограми на еден кубен метар што е за седум пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во Центар беа измерени 283, во Лисиче 211, а во Гази Баба 267 микрограми на метар кубен односно шест пати повеќе од дозволеното.

Синоќа мерните станици во Скопје покажуваа и до 10 пати поголема дозволената 50 микрограми на еден кубен метар.

Граѓаните, на социјалните мрежи, повторно апелираа до надлежните институции и до властите да преземат конкретни мерки за да се реши проблемот со загадениот воздух, бидејќи чувствуваат последици по нивното здравје.