Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСо два погодоци против Нант, Ибрахимовиќ му кажа збогум на ПСЖ

Со два погодоци против Нант, Ибрахимовиќ му кажа збогум на ПСЖ

Најдобриот голгетер на фудбалски ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, синоќа имаше емотивна вечер која никогаш нема да ја заборави. Швеѓанецот на достоен начин се прости од „Паркот на принцовите“ и тоа со два од вкупно четирите погодоци во победата на францускиот шампион над Нант.

Сега вниманието е насочено кон следната дестинација на фудбалерот кој сезоната ја комплетираше со 38 погодоци.


„Знам каде ќе ја продолжам кариерата, но нема да кажам. Минав фантастични четири години тука и на натпреварот против Нант бев возбуден. Обично никогаш не плачам, но кога ги видов своите деца на натпреварот очите ми се насолзија. Ќе ми недостасува сево ова, особено неверојатната група играчи. Им благодарам на Французите за се, ова можеби е најдобрата група играчи со која сум играл. Ќе ми недостасуваат, но уверен сум дека ќе продолжат по овој пат“, изјави Швеѓанецот кој на 179 натпревари за „Светците“ постигна 154 голови.