Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСо дронови ќе се шферцуваат лекови за абортус

Со дронови ќе се шферцуваат лекови за абортус

Холандската организација за правата на жените Women on waves ќе организира пренос на лекови за абортус во Полска каде легалниот абортус е тешко достапен поради строгите конзервативни закони. Секој пренос на лекови преку граница без оглед на нивната намена е забранет но, организацијата нашла дупки во германските и полските закони користејќи дронови.

woman on waves

Со едно беспилотно летало кое не носи тежина повеќе од 5 килограми не се навлегува во областа на комерцијална употреба на леталото, а пренесувајќи само две шишенца со пилули за несакана бременост се запазуваат и прописите за лична употреба на лековите. Летот на дронот ќе се изврши блиску до полската граница и лековите ќе ги добијат жените во градот Слубице.

Идејата е да се привлече вниманието на медиумите и да се покрене прашањето за гаранција на репродуктивните права на жените во Полска, како и обезбедувањето на легален абортус и лесен пристап до лекови за контрацепција. Women on waves е организација која работи со клиники за абортус на бродови и им помогаат на жените од земјите каде прекинувањето на бременоста е забрането да извршат абортус во „територија“ на друга држава блиску до брегот.