Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПолски новинари ја промовираат Македонија како туристичка дестинација

Полски новинари ја промовираат Македонија како туристичка дестинација

Петмина новинари од Полска ја посетија Македонија за да ги откријат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација помеѓу полските туристи.

Новинарите, кои во Македонија престојуваа од 17 до 22 јули на покана и во органазија на „ТАВ Македонија“, ги посетиле Скопскиот и Битолскиот Регион, како и Охрид.

– Имплементирајќи ја неодамнешната успешна маркетинг-активност со турските блогери за промоција на Македонија помеѓу турските граѓани, презедовме многу слична маркетинг-иницијатива, за да ја промовираме Македонија како интересна туристичка дестинација меѓу туристичките агенции и тур-оператори од Полска, како и самите патници од оваа земја – изјави генералениот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој.